Креирајте го сами
Вашето совршено парче мебел
Рачно изработени маси и предмети од дрво и дрво со епоксидна смола
Маси од масивно дрво
Во процесот на изработка на маси од масивно дрво и преработка на самото дрво, наша цел е да го задржиме природниот изглед што е можно повеќе. Изработуваме маси со зачувани природни рабови (life-edge) и автентична структура и изглед, како и маси фино обработени и окрајчени.
Маси со епоксидна смола
Епоксидот ја потенцира природната боја на дрвото, неговата структура и текстура, ставајќи ја во преден план неговата единственост. Поради своите механички и оптички својства, епоксидната смола прераснува во елегантна и атрактивна состојка која се употребува во изработка на модерен луксузен мебел.
Маси од медијапан со епоксидна смола
Овие исклучително декоративни маси се навистина економично решение за Вашиот дом, кое гарантира со својот квалитет и естетски изглед. Со завршниот слој од епоксидна смола и соодветниот дизајн, Вашата маса се претвора во вистинско уметничко дело.
Дрвени даски за сервирање
Дрвените даски за сервирање и послужување станаа вистински тренд во угостителството, но и дел од домаќинствата. Причината за тоа е сосема оправдана и се должи на единствените својства на дрвото, особено на тврдите дрва.
Ногарки
Ногарките во пракса, играат многу важна улога и придонесуваат за добивање на целокупниот впечаток. Покрај тоа што обезбедуваат цврстина и стабилност на масата, го истакнуваат и надополнуваат стилот на самиот ентериер, и го зајакнуваат впечатокот за староста на мебелот или обратно – неговата модерност.
Видови дрва
Изборот на дрво од кое ќе биде изработена вашата маса, со или без епоксид, зависи од повеќе фактори. Веројатно на прво место доаѓа естетиката, односно која текстура на дрво најмногу ви се допаѓа и како истата ќе се вклопи во целокупниот внатрешен дизајн на просторот, но важен е и самиот квалитет на дрвото и што очекувате од него кога станува збор за негово одржување.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.