За нас
Сè започнува со идеа, а конечно се реализира со многу труд, љубов и храброст.
Така започна и нашета приказна во која идејата и љубовта кон дрвото, но и желбата истото да се оплемени, успеаja да прераснaт во работилница за производство на рачно- изработени маси и други предмети од дрво.
Трилоџи е место каде што постојано се обидуваме да растеме и учиме, носејќи иновации и развој. Во основата на нашите проекти, секогаш постои континуирана размена на идеи во врска со изработката и креирањето на нови дизајни, при што меѓусебно се поддржуваме во зачнувањето на нови идеи и проекти кои и понатаму ќе бидат гаранција за нашиот квалитет.
Наша дејност
Treelogy се занимава со рачна изработка на маси и парчиња мебел, изработени од дрво, дрво во комбинација со епоксидна смола, медијапан или иверка со епоксидна смола, како и дрвени даски за сервирање, послужување и сецкање. Во комбинација со изборот на бои и завршни слоеви добивате широк избор при креирањето на совршеното парче мебел.
Сите производи се адаптирани по должина, ширина, стил, боја и завршен слој. Дрвото го задржува сопствениот автентичен изглед, но станува и комплетно функционално.
Од оваа комбинација на материјали и рачната изработка, се добива производ со голема издржливост кој трае со генерации.
Наша цел
Наша цел е да пренесеме дел од природата во вашиот дом или во вашата канцеларија. Композициите направени од дрво, со природно зачувани рабови создадени од природата, или пак оние обработените и надополнети со епоксидна смола и други соодветни материјали, придонесуваат да се добие саканиот ефект и го оплеменуваат вашиот простор.
Преку внимателно избирање на сите материјали и рачната обработка на истите, сакаме да постигнеме совршен, долготраен квалитет и да ви обезбедиме парче мебел кое ќе ја испишува личната историја на повеќе генерации. А овие парчиња мебел го дозволуваат тоа, по извесно време може да добијат нов живот по пат на реставрација и адаптирање според актуелните трендови.
Нашиот пристап е индивидуален, а нашите парчиња мебел се уникатни, што значи дека секое од нив е комплетно прилагодено на Вашите естетски вредности и потреби. Со други зборови, постои само еден единствен примерок од секоја маса, бидејќи на тој начин создава и природата. Секое парче дрво е различно, со различна текстура, со различни шари, јазли и годови, како што и секој човек има своја сопствена приказна, а убавината е токму во различностите.
Што рекоа другите за нас
“Комбинација од рустично и модерно, истовремено со одличен квалитет!”
“Најдобри маси со епоксид на пазарот. Treelogy, одлични сте”
“Ми се допаѓа што ја чувствувам природата во мојот дом.
Ви благодарам”