Маси со епоксидна смола
Епоксидна смола е висококвалитетна синтетичка смола со висока термална, механичка, хемиска отпорност и голема сврзувачка моќ. Поради своите механички и оптички својства, епоксидната смола прераснува во елегантна и атрактивна состојка која се употребува во изработка на модерен луксузен мебел.
Епоксидот ја потенцира природната боја на дрвото, неговата структура и текстура, ставајќи ја во преден план неговата единственост.
При изработка на маси, епоксидната смола се користи како материјал за сврзување на дрвените површини, при што се добива производ со голема цврстина.
Кога се употребува како завршен слој на дрвени маси, епоксидот ја потенцира природната боја на дрвото, неговата структура и текстура, ставајќи ја во преден план неговата уникатност. Се смета дека завршниот слој од епоксид е еднаков на 60 слоја лак и обезбедува нежен кристален изглед со висок сјај или ултра мат изглед, во зависност од начинот на обработка.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.