Маси од медијапан или иверка и епоксидна смола
Механичките својства на епоксидната смола се веќе докажани, но таа претставува и совршен медиум за креирање мали уметнички дела. Со соодветно комбинирање на бои и пигменти кои се додаваат на епоксидот, може да се добие секаков уметнички дизајн.
Дизајн сличен како на мермерните или гранитни плочи, симулација на сино разбранувано море, вселена или нешто што ќе биде плод на Вашата имагинација. Овие дизајни може да бидат пресликани на маси направени од медијапан, поставени на ногарки по Ваш избор.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.