Дрвени даски за сервирање
Самото дрво поседува природни анти-септички својства, а тврдите дрва со цврста гранулација и мали пори не дозволуваат апсорпција на течности и нечистотии.
За изработка на дрвени даски за сервирање се користат дрва кои по обработката се мачкаат со природни масла кои ги заштитуваат и ги прават отпорни на различни надворешни влијанија, а воедно ја нагласуваат и природната убавина и бојата на дрвото. Не се штетни по здравјето и се еколошки прифатливи.
Доколу правилно се одржуваат, овие даски се навистина долготрајни. Се одржуваат со премачкување со минерални масла кои се безбедни за јадење, со што се продолжува животот на продуктот. За да се избегне искривување, не треба да се оставаат во барички вода.
Држете се до природното и кога станува збор за вашата кујна и трпезарија. Убавината е во окото на гледачот, а Вашата храна ќе добие уште подобар шмек, сервирана на рачно–изработени даски за сервирање и послужување. Изберете целосно дрвена даска или некоја поразиграна варијанта која вклучува дрво во комбинација со епоксидна смола.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.