Маси од масивно дрво
Дрвото е база на секој наш производ. Секое парче дрво во природата се одликува со свои карактеристики и уникатен изглед кој доаѓа како резултат на единствената комбинација на нијанси и бои, годови, јазли и пукнатини. Наша цел при рачната изработка и обработка на масите од масивно дрво е што повеќе да го задржиме тој природен изглед, произведувајќи маси со зачувани природни рабови (life-edge), со автентична структура и изглед, како и маси фино обработени и окрајчени.
Преку„live-edge“ рабови, самата дрвена плоча ја одржува природната убавина на шумата – со зачувување на дрвото и неговата периферна целина која ја прават надворешните агли на видливиот дел на дрвото. Овие делови остануваат недoпорени, со што мебелот добива убава рустична елеганција.
Од друга страна, кај масите со рачно обработени и окрајчени рабови, природната убавина на дрвото е избалансирана во сооднос со стилот на останатиот ентериер и мебел, тежнеејќи кон помодернистички израз, при што повторно секој производ е еден и единствен.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.