Колекција на ногарки
Зошто е важен соодветниот избор на ногарки? Многумина ќе помислат, за да се обезбеди соодветна цврстина и стабилност на самата маса што придонесува за целокупниот квалитет на производот. Тоа е точно, но од друга страна, кога се дизајнира ентериерот во соодветен стил, настојуваме да избереме мебел и додатоци кои ќе бидат хармонични и ќе се надополнуваат едни со други. Така е и со ногарките кои во пракса, играат многу важна улога и придонесуваат за добивање на целокупниот впечаток. Тие ги истакнуваат карактеристиките и стилот на целиот ентериер, го зајакнуваат впечатокот за староста на мебелот или обратно – неговата модерност.
Соодветниот избор на ногарки ќе ја потенцира убавината на дрвото, ќе ја смести масата во самиот простор и ќе даде соодветна статичка стабилност на целата маса.
Погледнете ја нашата колекција на расположливи ногарки и изберете опција што најдобро ќе одговара со Вашиот избор на горна површина и стилски најдобро ќе се вклопи во целиот простор.
Ногарките може да бидат изработени и според Ваша желба и идеа, целосно адаптирани на Вашите индивидуални потреби.
КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА МАСА УШТЕ ДЕНЕС
Сè започнува од идеја.
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа.“ Слободно споделете ја Вашата идеја со нас и бидете сведоци на процесот во кој Вашите идеи се претвораат во вистински рачно изработени маси или пак едноставно изберете од веќе понудените.